Специјалист по физикална медицина и рехабилитација во охридската Специјална болница „Св. Еразмо“ починала денеска по компликации од Ковид-19.

Д-р Зора Љушеска-Трајческа(63) специјалист по физикална медицина и рехабилитација во охридската Специјална болница за ортопедија и трауматологија „Св. Еразмо“ починала денеска по компликации од Ковид-19.

Таа е трето медицинско лице од Охрид кое ја изгуби битката со коронавирусот.

Досега битката со коронавирусот ја загубија медицинската сестра Дијана Димоска и д-р Драган Спасески- Охридски, кои од почетокот на коронакризата се во првата линија на борбата против Ковид-19.