БИЗНИСМЕНИ ОД АБУ ДАБИ ЗАИНТЕРСИРАНИ ЗА ИНВЕСТИРАЊЕ ВО ОХРИД

Претставници на компанијата „ Хасилат“ од Абу Даби од Обединетите Арапски Емирати, во рамките на престојот во Република Македонија, вчера поладне престојуваа во Охрид.  За бизнисмените  од Абу Даби,  Секторот за туризам и локален економски развој организира  презентација на можностите за инвестирање во Охрид .

По презентацијата и посетата на неколку атрактивни локации, гостите од компанијата „ Хасилат“ , во чија придружба беше и македонскиот амбасадор во Обединетите Арапски  Емирати Сашо Ташевски, се интерсираа за инвестирање во повеќе области, а особено за изградбата на скијачкиот центар на „ Галичица“ .

Компанијата „ Хасилат“ е позната по ивестирањето во информатичката технологија, енергетиката, автоматиката, туризмот, агробизнисот, медицината, градежништвото и текстилната индустрија. Нивната посета во Република Македонија ја организира Агенцијата за странски инвестиции.