Советот на општина Охрид, на денешната седница ги усвои Елаборатот за проценка на штета од снежните наноси од 29.12.2014 година и записниците за проценка на настанатите штети од пожар и невреме на подрачјето на општината и исплата на еднократна парична помош.
Донесена е одлука за финансиска поддршка исплата по 240.000 денари на семејството Рамадан и Мармачоски . Се надеваме дека со оваа помош ќе им помогне на овие граѓани да санираат дел од штетите и да ги возобноват своите домови, информираат надлежните од општина Охрид.