СЕ САНИРААТ ДРВЈАТА И ГРАНКИТЕ ВО УЗ “ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“

Екипа на ЈП “Охридски комуналец“  денес ги санираше дрвјата и ги сечеше  гранките во шумскиот дел од УЗ 12 “Гоце Делчев” населба, Бараки. Една екипа на ова претпријатие работеше на  раскопување и расчистување на  земјата околу засадените повеќегодишни растенија и декоративни грмушки  во градскиот парк, паркот на градскиот плоштад и зелената површина помеѓу двете коловозни ленти  на “Булевар Туристичка”.