Болницата во Охрид ја редуцира оперативната програма. Ќе се оперираат само итните случаи. Прегледите преку платформата „Мој термин“ во дел од одделенијата како што е интерно, се стопирани. Кадарот ќе се користи за болните од корона кои ги има сè повеќе. На Интерно моментално се хоспитализирани 94 пациенти.
„Ќе се оди да се оперираат само малигни болести и итни случаи, со тоа што дел од нервното одделение ќе се пресели на урологија и ќе направиме ротација со медицински персонал од хируршкиот блок кон модуларната болница, геријатрија и интерно, каде што се позитивните пациенти, за да направиме одмор на постоечкиот кадар“, изјави Горан Балев-директор на општа болница Охрид.
ПОВЕЌЕ ИНФОРМАЦИИ НА СЛЕДНИОТ ЛИНК : https://alsat.mk/mk/ohridskata-opshta-bolnitsa-od-deneska-go-redutsira-svoeto-rabotene/