СЕ РАСЧИСТУВА УЛИЦА “КЛЕНОЕЦ“

Екипа на ЈП “Охридски комуналец“, денеска започнаа акција  на  темелно чистење на улицата ”Кленоец” од нејзиниот почеток  до влезот во село Долно Лакочереј. Се метат тротоарите, се отстранува ниската вегетација и темелно се чистат  наносите од земја и песок  покрај граничниците. Овој потег  ќе се расчистува оваа и наредната работна седмица.