Спомен обележјето на Григор Прличев кое се наоѓа во непосредна близина на НУ Библиотека „Григор Прличев“ и НУ Центар за култура експресно беше исчистена од исписите кои непознати сторители ги направиле.
Спомен плочата беше испишана со разни броеви и симболи, непочитувајќи ги вредностите препознатливи за нашиот град.
Експресната реакција на ЈП Градски гробишта Охрид ја исчисти спомен плочата и го врати нејзиниот сјај.
Општина Охрид ги замолува граѓаните да ги почитуваат и негуваат спомен обележјата кои се значајни за нашата култура, народ и нашата држава.
Фб. Градоначалник Константин Георгиески