Новите мерки за заштита од COVID-19 кои стартуваа од вчера се уште еден голем удар за угостителите, но и за охридскиот бизнис генерално.
Супер радио, OhridPress и InPress иницираат акција за сите заедно да го пребродиме и овој сериозен удар на локалната економија.
– Мерките се непопуларни, задоцнети и можеме уште многу други мани да им најдеме. Но, тие се реалност, а реални се и трошоците за тековното одржување на бизнисот. Постојано се затвораат дуќани, се отпуштаат работници… Токму затоа иницираме една акција да им се помогне на локалните бизниси. На удар се сите, но во моментов на прва линија се угостителите, кои се комплетно затворени. Единствено што можат, доколку имаат услови за такво нешто е да Ви подготват храна која можете да ја подигнете за дома, да продаваат coffee to go… Ако ги користиме овие услуги кои често се и со посебно прилагодени и пониски цени, можеме заедно да придонесеме тие да го пребродат овој тежок период, потенцираат од Супер радио.
Со последиците од пандемијата не се борат само угостителите. Најмалку што можеме да направиме во овој период е да купуваме во локални маркети, продавници за облека и сите останати локални бизниси, за сите заедно полесно да го поминеме и овој исклучително тежок период.
извор и фото: Ohridpress