Интензивно се работи во салата „Билјанини извори“ која наскоро ќе стане првиот регионален центар за вакцинација. Во салата се поставени сите:
14 паравани за физичко одделување на лицата при вакцинација,
14 пункотви за 28 вакцинални места,
Деновиве ќе се инсталира компјутерскиот систем за потребите на министерството за здравство,
Ќе биде донесен агрегатот за фрижидерот каде ќе се чуваат вакцините и по извршената дезинфекција салата ќе биде отворена за граѓаните.
Според планираното истата треба да биде готова до петок.
Огромна благодарност до компаниите СН Осигурителен Брокер и спортските обложувалници Евротип кои не само што ги донираа сите паравани туку и сами ги наместија. Во овие моменти од исклучителна важност е солидарноста на општествено одговорните компании. Со нивен допринос овој вакцинален пункт ќе ги услужи граѓаните од општините Охрид, Струга, Вевчани, Дебар, Ресен и Кичево, напиша градоначалникот Георгиески во својата ФБ објава.