Активно продолжуваат градежните активности на улицата „15 Корпус“. Денес поставуваме прв асфалтен слој на дел од коловозот, а потоа следи асфалтирање на тротоарите. Претходно таму се изврши тампонирање и поставување на рабници како дел од подготвителните активности пред асфалтирањето.
На улицата веќе се постави нова атмосферска канализација и се работеше на нови приклучоци на водоводната линија.
Овој капитален инфраструктурен проект според динамиката на работа треба да заврши до крајот на месец мај.
Општина Охрид и во иднина продолжува инфраструктурно да го развива градот, да ги решава проблемите и потребите на граѓаните, напипа градоначалникот Георгиески во својата објава на ФБ.