Денес, како пратеник во Собранието на РСМ, ја посетив спортската сала “Билјанини Извори” – Охрид која заради потребите на проектот за масовна вакцинација е во фаза на реорганизација во Регионален центар за вакцинација.
Како знак на моја целосна поддршка направив донација на два персонални комјутери за потребите на вакциналните пунктови кои ги предадов на Градоначалникот на општина Охрид Др. Константин Георгиевски.Во оваа прилика им посакувам успешна работа на сите вклучени во процесот и воедно ги повикувам и мотивирам граѓаните да се пријават во што поголем број бидејќи вакцината е единствениот начин да го заштитиме нашето здравје и да се справиме со вирусот, напиша во својата ФБ објава пратеникот Лазе Таневски.