Нов потпорен ѕид се гради во населба Варош

✅Со изградба на нов потпорен ѕид на улица „Кузман Капидан“ во населбата Варош се решава долгогодишниот проблем на жителите од овој дел на градот и се надминува опасноста која постоеше за околните индивидуални куќи.
➡️Се работи за армирано бетонски ѕид во должина од 18 метри и висина од 4 метри. Вредноста на инвестицијата е 2,5 милиони денари, а средствата се обезбедени од буџетот на Општина Охрид.

🆕Како дел од овогодинешните активности за партерно уредување, во текот на наредниот период ќе започне реконструкцијата на пешачки патеки на неколку локации во стариот дел на градот. 🚧На дел од патеките предвидено е да биде извршена замена на старите бехатон плочки со гранитни, а на дел од патеките ќе се врши поставување на нова основа и прередување. 🔜Исто така, во текот на наредниот период ќе биде извршена промена на пумпните станици во населбата „Канео“ и во близина на хотел „Александрија“.

Фб. ГРАДОНАЧАЛНИК КОНСТАНТИН ГЕОРГИЕСКИ