ГРАДОНАЧАЛНИКОТ БАКРАЧЕСКИ СЕ СРЕТНА СО ЖЕНИТЕ ПРЕТПРИЕМАЧИ И УСПЕШНИ ЖЕНИ ВО СВОИТЕ ПРОФЕСИИ ОД ОХРИД

По повод меѓународниот ден на жената, Градоначалникот Никола Бакрачески оствари средба со жените претприемачки и успешни жени во своите професии од Охрид. 
Во празнична  атмосфера  Градоначалникот Бакрачески  со охридските претприемачки   разговараше за можностите за поголем туристички и стопански развој на Охрид со акцент туризмот да прерасне во основна стопанска дејност во градов.

Во рамки на 8-мо мартовските празнувања, заменик Градоначалникот , Ангел Јанев, во име на Градоначалникот Никола Бакрачески со цвеќе и искрени желби за здравје  празникот им го честита на жените  со телесна инвалидност од Охрид.