Јавното претпријатие „Билјанини Извори” ја известува јавноста дека ден 02. 05. 2021 (недела) јавниот градски паркинг со кој стопанисува јавното претпријатие ќе е бесплатен за сите нејзини корисници. Одлуката е донесена во име на големиот христијански празник Велигден.
ЈП „Билјанини Извори“ им посакува на сите граѓани на Охрид, Република Северна Македонија и на сите наши иселеници од православна вероисповед добро здравје, успех во работата и благосостојба.