(ФОТО) Еден е Господ, Охрид пример за соживот

Соживот во Охрид од секога постоел. Христијани, муслимани генерации другаруваат и се почитуваат. Сите ние имаме искрени пријатели од различна вероисповед. Христијаните ги почитуваат муслиманските обичаи и обратно.

На ул. Марко Нестороски во Охрид свештеник го докажа токму тоа. Имено, изминативе денови свештени лица одеа во домовите за да ги осветат ,наспроти големиот христинаски празник Велигден. Во исто време муслиманите се подготвуваат за муслиманскиот празник Бајрам кој ќе го прославуваат на 13 мај. Случајната средба на свештеник и помлади луѓе кои со тапани го најавуваат „Ифтар“, или време кога муслиманите можат да јадат после дневниот пост, остана овековечена и нека пример за идните генерации.

News1.mk