Здружението за мултикултурна интеграција “Инклузија” Охрид, на 08/05/2021 година во 12.00 часот, во Лихнидос, Охрид. ќе спроведе jавната расправа на тема: „Зајакнување на локалното младинско учество и застапеноста на младинските прашања, во програмите на политичките партии за локалните избори во 2021 година”, организирана во рамките на проектот „Поддршка на изборните реформи“ на Швајцарската агенција за развој и соработка (СДЦ), кој го спроведуваат Меѓународната фондација за изборни системи (ИФЕС) во партнерство со Националниот младински совет на Македонија (НМСМ), а кој цели кон поинклузивни и подемократски изборни процеси раководени од зајакната организација на изборите кои се одблизу набљудувани од граѓаните.
Како дел од јавната расправа, за младинското учество и политики, нивното значење и потребата и локалните практики и политики за негово унапредување во согласност со Законот за младинско учество и младински политики, ќе зборуваат: Живка Ангелоска , Претседателка на совет на општина Охрид, Кирил Пецаков, пратеник во собранието на Република Северна Македонија од редовите на ВМРО – ДПМНЕ, Суарта Амети од општинската организација на Демократската унија за интеграција, Елена Ристеска, дипломиран политиколог, Никола Ѓоршоски, доктор по политички науки и Илхан Рахман, заменик министер во Министерството за политички систем и односи меѓу заедниците, при Владата на Република Северна Македонијa. Модератор на настанот е Вaхид Мемед од Здружението за мултикултурна интеграција “Инклузија” Охрид.
По излагањето на говорниците, со присутните ќе се отвори дискусија за потребата од унапредување на младинското учество и политики во Охрид и начините на кои може да се постигне посакуваниот напредок во политичкото адресирање на младинските прашања.