ОХРИД ЌЕ ГО ОДБЕЛЕЖИ СВЕТСКИОТ ДЕН НА ФИЗИЧКА АКТИВНОСТ

Со низа активности поддржани  од Владата на Република Северна Македонија,  Агенцијата за млади и спорт и Центарот за јавно здравје  на 10 мај 2021 г. (понеделник) во Охрид и неколку градови во државава ќе се одбележи Светскиот ден на физичката активност.

Во рамки на одбележувањето, Општина Охрид  заедно со  Сојузот на училишни спортови  и спортски клубови  од градов организираат  спортски активности    кои ќе се одржат на Кеј  „Македонија“ во период од 11 до 12 часот.   Спортувањата  ќе бидат     согласно протоколите за  КОВИД  19,  а   за учесниците задолжителни ќе бидат   заштитна маска и   физичката дистанца.   Предвидените спортски дисциплини се: атлетика, боречки вештини, аеробик и зумба, пинг- понг, возење скејт, ролери и велосипеди.  Истиот ден ќе се одржи планинарска тура од Охрид  до над  с.Велестово и назад.

Целта на одбележувањето на Светскиот ден на физичката активност е да се укаже на важноста од спортувањето и рекреативните активности кои обезбедуваат здрави животни навики. Спортот и спортувањето се индикации за здрав и културен живот. Потребно е секојдневно движење и спортување независно од возраста и полот со цел да се одржи сопственото здравје и психомоторната способност на луѓето.