Сообраќајната полиција во координација со ЈП Охридски Комуналец ги отстрануваат непрописно паркираните автомобили во центарот на градот. Ваква акција имаше денес наспроти Охридска банка. Оние кои сакаат да заштедат паркинг ќе треба многу повеќе да платат за да си го земат автомобилот.