Во мое лично име и во името на Општина Охрид упатувам најискрени честитки по повод 20. Мај – Денот на пожарникарите.
Вашата професионалност, хуманост и пожартвуваност е од исклучително значење за обезбедување на заштита и сигурност во општествената заедница. Со вашето делување во кризни и опасни ситуации заради штитење на граѓаните, имотот и општото добро, ги изложувате на ризик сопствените животи. Затоа оваа благородна професија е достојна за голема почит и вреднување.
Како Локална самоуправа континиурано сме посветени на обезбедување на подобри услови за работа и зголемување на капацитетот на Охридската противпожарна единица. Во текот на изминатиот период инвестирани се значителни средства за набавка на нова опрема за пожарникарите и ваквите активности ќе продолжат и во иднина.