ПРЕРЕГИСТРАЦИЈА НА ПОСТОЕЧКИТЕ КАРТИЧКИ ЗА ДВИЖЕЊЕ НА ВОЗИЛА ВО СТАРИОТ ДЕЛ ОД ГРАДОТ

Врз основа на утврдениот режим на сообраќај за стариот дел од град Охрид и Правилникот за издавање на картички за движење на моторни возила во стариот дел на град Охрид, а со цел граѓаните на овој дел од градот непречено да се движат – Секторот за комунални дејности, сообраќај и улици ги известува граѓаните од стариот дел од градот дека ќе се отпочне со пререгистрација на постоечките картички кои ги исполнуваат условите согласно Правилникот.

За навремена и ефикасна пререгистрација на постоечките картички, а со цел непречено движење во овој дел од градот се известуваат сите жители кои веќе поседуваат картички да се пријават во Општина Охрид и при тоа со себе да ја носат подолунаведената документација и тоа:

За постојани  жители на стар дел од град Охрид

  • Копија од лична карта и на нивно име и адреса да има регистрирано моторно возило со важечка регистрација (се докажува со копија од сообраќајна дозвола).

Правни лица

  • Ќе можат да добијат картичка за движење на возилата кои се регистрирани на иста адреса, на која адреса е и седиштето на правното лице , а кое е во стариот дел од град Охрид  (како доказ се приложува копија од сообраќајна дозвола и тековна состојба од Централен Регистар – не постара од 60 дена);

Жители  кои немаат постојана адреса во стариот дел од градот

  • Кои во сопственост имаат станбен објект во овој дел ќе им биде издадена само една картичка за моторно возило регистрирано на нивно лично име (како доказ приложуваат имотен лист од објектот, копија од лична карта и копија од сообраќајна дозвола од сопственото возило).

Станоиздавачи

  • Сите станоиздавачи кои во склоп на својата КП поседуваат уреден простор за паркирање со повеќе паркинг места и кои до објектот имаат непречен пристапен пат ќе добијат онолку картички  колку што имаат обезбедено паркинг места (како доказ приложуваат  важечко Решение за категоризација издадено од Општина Охрид и потврда од Комисијата дека во склоп на објектот има паркинг места).

Туристи

  • Кои имаат резервирано сместување преку BOOKING со формуларот ќе може да влезат во Стариот дел од градот за сместување и во временски интервал  од 1 час возилото треба да излезе.

Сите баратели кои ги исполнуваат наведените услови ќе може да извршат пререгистрација на картичките секој работен ден од 21.05.2021 до 04.06.2021 година во временскиот период од 10:00 до 14:00 часот, на посебен шалтер кој ќе биде поставен пред влезот на зграда од Општина Охрид.

Покрај горенаведените документи, барателите со себе треба да ја носат и старата картичка за движење на моторни возила во стариот дел на град Охрид.

На сите иматели на картички кои не ги исполнуваат условите од Правилникот, картичките ќе им бидат поништени.

ПРАВИЛНИК ЗА ИЗДАВАЊЕ НА КАРТИЧКИ ЗА ДВИЖЕЊЕ НА МОТОРНИ ВОЗИЛА ВО СТАРИОТ ДЕЛ НА ГРАД ОХРИД