“Во блиска иднина следи 100 години фудбал во Охрид, Охрид заслужува достоинствен фудбалски јубилеј, дајте да вложиме напори да го вратиме ГФК Охрид Лихнидос на линијата да обезбеди висок пласман” – Јован Стојаноски, градоначалник на општина Охрид.
“Си ветивме – ќе успееме”, продложи спортската фудбалска визија ГФК Охрид Лихнидос на прерано починатиот градоначалник Јован Стојаноски, со поддршка на Константин Георгиески – Градоначалник на Општина Охрид , заложбата на управата на клубот, со верните навивачи “Рибари” и спортската публика.
Не секој ја има привилегијата да успее во замислата, намерата, целта…. некогаш е навистина тешко после низа несупеси, порази, падови да се продолжи со позитивна мисла, да се издржи во агонијата, да се бодри тимот во навидум безнадежни моменти.
Но, упорноста некогаш се исплати, посветеноста често знае да биде наградена, среќата секако е неизбежна, а сплотеноста на тимот е гаранција. Сите заедно во ГФК Охрид Лихнидос , изодевме тежок пат со подеми и падови, со насмевка и тага на лицата, со утеха дека секогаш можеме подобро.
Стигнавме дотука, баражот… и не застануваме. Со сета енергија, посветеност, со срце и со душа ќе бидеме борци на теренот, храбри, но кротки, силни но ранливи. Охриѓани, ќе дадеме се од себе да успееме, да напишеме нова спортска фудбалска охридска приказна. Сигурни сме дека ќе бидете со нас да не бодрите. Ние продолжуваме понатака…
Фб . Љупчо Грданоски – претседател на ГФК Охрид Лихнидос