ВО ПОЛН ЕК Е ИЗГРАДБАТА НА ПОВЕЌЕНАМЕНСКОТО ИГРАЛИШТЕ ВО ТРПЕЈЦА

Првата фаза од активностите за изградба на повеќенаменско игралиште во Трпејца е при крај. По завршувањето на оваа фаза, односно по бетонирањето на предвидениот простор, ќе следува поставување на ограда. Понатака ќе следува опремување на игралиштето со спортски реквизити и хортикултурно уредување на просторот. 

Бетонирањето го изведува ЈП „Градски гробишта“, а во наредните фази ќе се вклучат и другите охридски јавни претпријатија.