Поволните временски услови овозможија екипите на “Паркови и зеленило” максимално да се ангажираат во пролетното подготвување на парковските и зелени површини во градот.
Заради претрпените штети од обилните снежни врнежи, се заменуваат оштетените садници во бетонската жардињера помеѓу двете коловозни ленти на “Булевар Туристичка” (потег градски пазар-Гимназија). На одредени делови се врши комплетна реконструкција на жардињерата со отстранување на садниците и земјата, каде ќе се засадат нови декоративни грмушки од сопствениот расадник. Изборот на садниците ќе одговара на просторот и функционалноста, да не се попречува нормалното одвивање на сообраќајот, а во исто време ќе се запази естетската компонента.
Во прилог Ви презентираме зелени разгледници од денешните многубројни активности на “Паркови и зеленило” (се коси тревата, се режат повеќегодишните садници во градскиот парк и “Булевар Туристичка”, се уредуваат крошните од дрвјата…)