Делегации на Вмро Дпмне Охрид положија цвеќе пред споменикот Кирил и Методиј

Делегации на ВМРО-ДПМНЕ ОК положија свежо цвеќе пред споменикот на светите браќа Кирил и Методиј по повод 24 Мај – Денот на македонските и сесловенските просветители и учители, светите браќа Кирил и Методиј.
Почитувани,
ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид упатува искрени честитки по повод 24 Мај – Денот на македонските и сесловенските просветители и учители, светите браќа Кирил и Методиј.
Светите Кирил и Методиј со нивната просветителска дејност, која е од епохално цивилизациско значење, во Охрид и Македонија будат посебен пиетет, аманет да ја продолжиме традицијата, да бидеме горди чувари на нивниот завет.
Охрид и Македонија се навистина горди затоа што искрата на писменоста почнува оттука, а просветителскиот факел се прошири низ Европа.
Нека е вечно делото на светите браќа Кирил и Методиј.