Во тек се активности за изградба на нов покрив на детската градинка „Билјана“. Новиот рамен покрив ќе биде изведен по сите најсовремени стандарди, во неколку слоеви, со висок степен на заштита и изолација, а на страничните делови ќе има лимени конструкции.
Проектот е вреден 1 милион и 530 илјади денари, средства кои се обезбедени од буџетот на ЈОУДГ „Јасна Ристеска“. Со неговата реализација се става крај на долгогодишните проблеми со прокапување вода при врнежи од дожд и снег во сите простории од градинката.
Во објектот има четири занимални во градинскиот дел, во кој согласно протоколите за заштита од КОВИД се згрижени по 20 деца во група односно 80 вкупно и две занимални со јасли во кој се згрижени по 15 односно 30 деца вкупно.