Вашингтон ја предупреди Софија веднаш да го расчисти хаосот со нелегалното и корупциско издавање на пасошите или во спротивно, на бугарските граѓани и натаму ќе им биде потребна виза за влегување во САД. Американците инсистираат бугарските пасоши да не се даваат на лица кои се закана за внатрешната безбедност на САД, пренесува Еурактив. Бугарија дели пасоши на странци по неколку основи.
Пред три години, поради издавање лажни сертификати за бугарско потекло, беше приведен шефот на државната агенција за Бугари во странство, кадар на Каракачанов кој беше коалициски партнер на Борисов. Пасошите се продаваа по цена 5.000, а за Македонците од 800 до 1000 евра. Но и покрај големиот скандал во кој се посочуваше дека е вмешана и тогашната министерка Захариева, не се направија суштински реформи иако тоа го бараше и ЕК.
Македонците за бугарските патни исправи треба да докажат дека имаат бугарски корени, но се даваат пасоши и на странци за посебни заслуги или таканаречени златни пасоши за придонеси во културата, образованието, спортот, разни инвеститори… Бугарските медиуми и порано посочуваа дека се работи за сомнителни зделки во кои се продаваат државјанства на лица кои на овој начин сакаат да се стекнат со пасоши за да добијат пристап до целата ЕУ.
Бугарската преодна Влада за неколку дена треба да достави гаранции до САД дека навистина ке има промени во процесот на издавње пасоши.
Во моментов Бугарија, Кипар, Романија, и Хрватска се единствени земји во ЕУ кои имаат визен режим со САД, но Вашингтон веќе вети дека Загреб и Букурешт ќе бидат ослободени од визи.