Благоја Милевски и официјално е назначен за нов селектор на македонската фудбалска репрезентација.
УО на ФФМ денеска ја донесе оваа одлука, па актуелниот предводник на младата репрезентација до 21 година официјално ќе ја преземе селекторската функција од Игор Ангеловски во А репрезентацијата од 1. август 2021 година.
Милевски довербата од ФФМ ја доби пред се благодарение на својата работа и постигнати резултати, односно успехот кој го направи со младата селекција кога во 2017-година се пласира на ЕП.
Токму од тој тим и тоа најголемиот дел од играчите беа и учесниоци на дебитантскиот настап на Македонија на сениорскиот фудбалски шампионат Свцоето деби на сениорското селекторско столче, Милевски ќе го има на 2. септември во Скопје на дуелот против Ерменија во рамките од Мундијалските квалификации.
На седницата на Управниот одбор на Фудбалската федерација на Македонија беше донесена одлука за назначување на Драган Канатларовски за селектор на македонската репрезентација до 21 година.
Поранешниот селектор на нашиот најдобар национален тим ќе ја презеде младата репрезентација од 1. август 2021 година. Фудбалската федерација на Македонија во следниот период ќе организира прес – конференција со новите селектори на македонската А репрезентација и селекцијата до 21 година.