Oхрид интензивно се подготвува за туристичката сезона. По рушењето на дивоградбите, се уредуваат плажите.
-Се чистеше дивата вегетација,се посипува автохтон песок, се засадуваат дрвја, се поставуваат нови контејнери и садови за отпад, се поставуваат времени тоалети, во текот на наредниот период ќе бидат поставени: клупи за седење, монтажни соблекувални фонтани за вода.Во рамки на своите ингеренции и можности, Општина Охрид ќе ги обезбеди сите потребни услови за непречено користење на плажите од страна на граѓаните и туристите, напиша на својот Фејсбук градоначалникот на Охрид, Константин Георгиески .