Откако Европското првенство остана без актуелниот шампион Португалија, сега во трката за трофејот ќе го нема ниту свесткиот првак Франција, Вечерва ќе ги дознаеме и последните две селекции кои ќе играат во четвртфналето
Ако Португалците загубија од Белгија, прворангираната селекција на ФИФА листата, тоа и не е некое големо изненадување, но затоа пак вистинска сензација приреди репрезентацијата на Швајцарија која го елиминира светскиот првак Франција и тоа по подоброто изведување на пенали.
Во сигурно најнеизвесниот и највозбудливиот меч на ЕП, Швајцарија по водството од 1:0 и промашениот пенал, се најде во ситуација да брка два гола негатива откако Бензема во два наврати и Погба им донесоа водство на „Триколорите“ од 3-1. Сепак, упорите Швајцарци се вратија во игра и со головите на Сеферовиќ во 81-та и Гавриловиќ во последната 90-та минута.
Во дополнителните 30-минути, резултатот остана непроменет, а во пенал „рулетот“ Швајцарците ги погодија сите пет удари, додека трагичар кај Французите беше Мбапе чиј удар во последната серија го одбрани Сомер. Така Швајцарците се изборија за четвртфинале во кое за противник ќе ја имаат Шпанија, која исто така во неизвесен натпревар по продолженија ја совлада Хрватска. Регуларните 90-минути завршија нерешено 3-3, и речиси на идентичен начин, во кој Хрватите први поведоа, па имаа два гола негатива кои ги анулираа во заврните пет минути.
Но, во продолженијата „црвената фурија“ постигна уште два гола, па на крајот Шпанија славече со конечни 5-3 Токму Шпанија и Швајцарија ќе ја отворат четвртфиналанта рунда со средбата закажана за 2 јули во Санкт петербург од 18 часот, а веднаш по нив ќе играат Белгија и Италија во Минхен од 21 часот.
Третиот четвртфинален пар го сочинуваат Чешка и Данска кои ќе играат на 3 јули од 18 часот во Баку, а која ќе биде последната четвртфинална двојка ќе дознаеме денеска по дуелите меѓу Англија и Германија (18 часот во Лондин) и Швадска – Украина (21 часот во Глазгов)