ПРЕТСТАВНИЦИ НА ЧЕШКАТА КОМПАНИЈА “ЕКОНА“ ВО ПОСЕТА НА ОПШТИНА ОХРИД

Раководителот на Секторот за подршка на градоначалникот, Зоран Рафтоски и советникот Ангел Јанев, денес остварија работна средба со Мирослав Навратил, директор на Чешката компанија за производство на медицинска опрема “Екона“. На средбата се разговараше за можната соработката на “Екона“ со здравствените институции во градов, одкако претходно е остварена средба во Министерството за здравство на Република Македонија.

Претставниците на “Екона“ изразија подготвеност да донираат медицинска опрема за охридските болници, а истакнаа дека одржувањето на инсталираната опрема и софтверот за истата, би можело да го преземе и локална фирма од градов. Господинот Рафтоски истакна дека локалната самоуправа може да помогне околу организирањето на презентацијата на “Екона“ во Охрид, по претходна прецизна агенда што треба да ја достави Чешката компанија. Се очекува во текот на месец мај, “Екона“ да ги претстави своите производи на здравствените институции во градов.