Според последните анализи кои ги направи Центарот за јавно здравје од Охрид за квалитетот на водата од Охридско езеро, добиени се следните податоци: плажите кај Св.Наум, Трпејца, Љубаништа, камп Градиште, Пештани, х.Десарет ,Лагадин, камп Елешец, Метропол, Гранит, Св. Стефан, Х. Парк, канал Студенчишта, Пристаниште, ЈНО, Сараиште, Потпеш, Канео, Лабино, Ројал, градска плажа Мизо, одморалиште Партизан, Даљан, извиднички камп , Андон Дуков, Евро хотел, машка плажа, Изгрев, женска плажа, Бисер, Калишта, Радожда, Ливадишта водата во овие мерни места е со одличен квалитет, прва класа односно класификација ОДЛИЧНА.
Што се однесува до квалитетот на водата во Дебарско езеро, на мострите земени од местото “Мелнички мост” е во категорија ДОБРА или втора клада. Додека пак во останатите места ресторан Мерак, ресторан Перла, ресторан Дема и таверна Цами е со ОДЛИЧЕН квалитет или прва класа.
Квалитетот на водата од околните реки кои се влеваат во поголемите водни површини од кои повеќето во Охридско езеро, е следен: река Сатеска е од трета категорија, Коселска река исто така од трета класа, Велгошка река Грашница е од четврта и петта класа, реката Црн Дрим е од трета класа. Реката Черава особено е да се нагласи фактот што е загаден пристапот до коритото од оваа река, вода нема постојано, обично коритото е повеќе суво.
Во поглед на квалитетот на водата во базените ЦЈЗ е со задоволителни резултати и сите се со исти резултати од прва класа.
Плажите каде квалитетот на водата е од ПРВА и ВТОРА КЛАСА како и со класификација ОДЛИЧНА и ДОБРА можат да се користат за капење и рекреација како и за спортови на вода.
Земените мостри од реката Велгошка според Уредбата за класификација на водите одговараат на хемиски 4-та и микробиолошки 5-та класа ,што значи дека има фекални води кои директно ја загадуваат реката и коритото на реката не е исчистено повеќе години.
Предлог мерките остануваат исти , односно за да се заштити Охридското езеро од понатамошно загадување потребно е целосна изградба и поврзување на колекторскиот систем , (како и негова поправка на места каде има дефектина истиот а со самото тоа директно се загадува езерската вода) односно сите хотелско-угостителски објекти, птиватни куќи , колективни стамбени згради, како и селските населби што се протегаат по должината на охридското крајбрежје од Св. Наум до с.Радожда да се вклучат на колекторскиот систем, а не во одводниот систем за атмосферски води. На крајбрежјето од соседна Албанија веќе е почнато со изградба на колекторски систем и пречистителна станица.
Пумпите од колекторскиот систем непрекинато да функционираат, а не да се исклучуваат кога има обилни дождови а фекалните материи преку испустни цевки од колекторот директно се вливаат во Охридско Езеро и директно го загадуваат.
Сите плажи ќе се мониторираат континуирано со земање примероци вода за испитување ,кои примероци ќе се земаат по должината на плажата на секои 100 до 200m
Центар за јавно здравје Охрид.