Поранешниот градоначалник на Охрид Александар Петрески вчера е пуштен од затворот Шутка во Скопје. Неофицијалнo дознаваме дека за неговото пуштање на слобода под гаранција е ставена семејната куќа чиј сопственик е мајката на Петрески, а не е дадена никаква сума од половина милион евра како што претходно се шпекулираше. Екс-градоначалникот Александар Петрески беше приведен во ноември минатата година во рамки на акцијата „Јагула“ заедно со уште 14 други лица. Нему и на уште тројца негови соработници во општината им беше одредена мерка притвор, а на Петрески таа мерка му беше продолжена дури четирипати.