Градоначалникот на Охрид Никола Бакрачески, денес оствари работна средба со претставници од Агенцијата за електронски комуникации –АЕК.
На состанокот беше истакнато дека Општина Охрид ќе даде целосна логистичка поддршка околу организација на Меѓународната регулаторна конференција што од 18 до 20 мај ќе се одржува во Охрид .
На конференција се очекува присуство на околу 300 учесници од Србија, Бугарија, Црна Гора, Финска, Турција, Хрватска, Романија, Кипар, Молдавија, Кралството Белгија, Албанија, Косово и останати држави од регионот и од Европа. Дел од настанот ќе бидат и претставници на Меѓународната унија за телекомуникации како и претседателот на Бордот на директори на Европското тело на регулатори за електронски комуникации, г-ѓа Фатима Барош.
Случувањето кое има меѓународен карактер, е добра можност за туристичка промоција на Охрид пред цел Свет, затоа што учесниците од различни земји ќе имаат можност директно да се запознаат со македонската култура, традиции и белезите карактеристични за охридскиот регион.
Меѓународната регулаторна конференција се одржува трета година по ред