„ОХРИД ПРЕД СЕ“ единствен субјект кој не е за останување во УНЕСКО по секоја цена. Владо Чингоски од граѓанската иницијатива „Охрид пред се“ вели дека од оваа иницијатива се за зачувување на статусот на Охрид во УНЕСКО, но нагласува дека тие сметаа дека тоа не треба да се прави по секоја цена.
Изјавата на Чингоски доаѓа од како претходно, двајцата кандидати за градоначалници, Константин Георгиевски од СДСМ и Кирил Пецакво од ВМРО ДПМНЕ јавно кажаа дека статусот на Охрид во УНЕСКО мора да се зачува по секоја цена и ова го дадоа како ветување кое двете партии го вградија во нивните предизборни програми.
ЧИНГОСКИ: Во 1980 Охрид беше индустриски град, немаше колектор и половина град беше дивоградба
Чингоски прави компарација на денешен Охрид со тоа какво бил во 1980. Во тоа време во Охрид немало колекторски систем, а отпадните води се слевале во езерото. Најголемите хотели не биле приклучени на колекторски систем и канализацијата се слевала во Охридско Езеро и на самиот кеј кај хотелот „Палас“. Чингоски нагласува дека тогаш Охрид бил индустриски град, со 30 000 вработени во фабриките, од кои дури три фабрики имале системи за галванизација, а отпадните води од процесите на галванизирање ( кои се високо токсични ) се слевале во Коселска река и потоа заминувале директно во Охридско Езеро.
Понатаму во образлагањето на ставот, Чингоски напоменува и дека токму во 1980 година кога не впишале во УНЕСКО во Охрид се градело на диво како никогаш во неговата историја. Во тој период масовно се градела цела дива населба „Видобишта“ како и населбите кои никнаа околу улицата „Железничка“ кои се градени токму во тој период, во годините кога не впишале во УНЕСКО.
Чингоски прашува како е можно тогаш кога сме биле во една толку полоша состојба пред се во делот на екологијата и владеење на правото кога се граделе цели населби со илјадници куќи и објекти на диво да сме впишани во УНЕСКО, а денес кога сме во далеку подобра состојба да ни се заканува бришење од УНЕСКО ?
Извор: ОHRID1.MK