Регионалниот патен правец кон Галичица затворен за сообраќај до 17 часот

Регионалниот патен правец кој води преку Националниот парк Галичица ќе биде затворен за секаков сообраќај секој ден на делницата од Баба до Царина – (преспанска страна) од 08:00 до 17:00 часот, поради изведување градежни работи на пат – (реконструкција на коловозната конструкција).

После 17:00 часот патниот правец ќе биде отворен за сообраќај и на оваа делница, при што истиот ќе биде обезбеден со лица од страна на изведувачот на работите и соодветна сообраќајна сигнализација. Од Охрид до Баба регионалниот патен правец ќе биде отворен за сообраќај во двете насоки.

Извор:Aмсм