НОВИ КЛУПИ ЗА СЕДЕЊЕ НА НЕКОЛКУ ЛОКАЦИИ ВО ГРАДОТ

Како дел од активностите кои ги презема Општина Охрид за обновување на урбаната опрема, деновиве се врши поставувањето на нови клупи за седење на неколку локации во градот.

Извршена е замена на старите и дотраени клупи во „Холандскиот парк“ и во паркот помеѓу улиците „Даме Груев“ и „Јане Сандански“.

Денеска се вршеше поставување на нови клупи во паркот „Билјанини извори“, а во текот на наредните денови ќе бидат поставени нови клупи за седење на градскиот плоштад „Свети Климент Охридски“, во паркот покрај градскиот кеј, во стариот дел на градот и на неколку други јавни локации.

Исто така, наскоро ќе започнат активности за замена на старите и поставувањето на нови корпи за отпадоци на најфреквентните локации во центарот на градот.

За поставувањето на новата урбана опрема, согласно склучениот договор за набавка, од општинскиот буџет ќе бидат издвоени вкупно 2.252.000 денари.