ВТОРО ИЗДАНИЕ НА ЕДРИЛИЧАРСКАТА РЕГАТА ЗА КЛАСА ОПТИМИСТ SAIL O’CLOCK

Градоначалникот Константин Георгиески ги додели признанијата на најдобрите учесници на второто издание на Едриличарската регата за класа оптимист Sail O’Clock, која во организиција на Културолошката иницијатива „5 до 12“ и Клуб ЕК „Пират“ се одржа денеска во водите на Охридското Езеро.

На регатата учествуваа екипи во машка и женска категорија, во пет трки и три натпреварувачки дисциплини.

Одржувањето на оваа спортска манифестација е поддржано од Општина Охрид.