Во организација на Општина Охрид, Црвен Крст, Одделението за превенција при СВР Охрид и основните училишта, денеска на градскиот плоштад „ Св. Климент Охридски“ , по повод Меѓународниот ден на здравјето и во рамките на проектот „Превенција од зависности“ се одржа манифестацијата „ Живеј здраво,живеј безбедно“ .Со овој настан Охрид се вклучи во глобалните кампањи за подигнување на јавната свест за заштита на здравјето и превенција од зависности.
-Ја користам оваа манифестација, да Ве повикам да упатиме и заедничка порака дека мораме да ги искористиме сите сопствени и општествени ресурси и постојано да ги предупредуваме младите од опасностите од користењето на дроги,алкохол и цигари и да ги мотивираме да водат здрав живот- рече во обраќањето пред учесниците на манифестацијата, заменик градоначалникот Ангел Јанев.
На манифестацијата посветена на борбата против дрогата, алкохолот и цигарите, здравјето како избор за долг и безбеден живот, со посебни програми настапија учениците од основните училишта и младите волонтери од Црвен Крст, а присутните можеа да ги посетат и штандовите од Црвен Крст и НВО „ Опција“.