Упатувам најсрдечни честитки по повод православниот празник Успение на Пресвета Богородица со желби за здравје, спокој и благосостојба во секој дом.Ваквите празници се симбол на вистинските семејни вредности кои се цврста основа за заедништво и сполотеност во општеството. Верата кон Бога нека не води на вистинскиот животен пат и нека биде наш мотив за поголемо човекољубие и меѓусебна почит.Нека е за многу години празникот, Ви посакувам убав празничен ден, стои во ФБ честитката на градоначалникот Георгиески.