ПРЕЗЕМЕНИ СИТЕ МЕРКИ ЗА НЕПРЕЧЕНА НАСТАВА ВО ОХРИДСКИТЕ УЧИЛИШТА

Согласно добиениот план за одржување на наставата во основните и средните училишта во учебната 2021/22 година, училиштата во Општина Охрид се целосно подготвени за започнување на наставата.

Училиштата се снабдени со дезинфекциони средства согласно протоколите за заштита од Ковид 19, а во текот на изминатиот период беше извршено чистење и  дезинфекција на училишните објекти.

Исто така, сите општински училишта во текот на изминатиот период ги презедоа сите потребни активности за поставување на соодветни информации за заштита на учениците, а беше извршено обележување на ходничните простории и подготовка на училниците.

За изведување на наставата, училиштата во изминатиот период беа технички опремени со нови компјутери и беше поставена нова мрежа за интернет.

Во однос на новата концепција на наставата од IV одделение, во текот на летниот период сите наставници имаа обуки во однос на изведување на наставата по новиот концепт за учебната 2021/22 годима.

Од страна на Министерството за образование и наука, училиштата беа снабдени со таблети за изведување на наставата од IV одделение, кои се наменети за дечиња од социјално ранливи категории.

Со цел да се подобрат условите за настава Општина Охрид реализираше низа реконструктивни зафати во сите училишни објекти. Со средства од општинскиот буџет во тек е набавка на нагледни средства согласно новиот концепт за I и IV одделение во вредност од 3 милиони денари.