Цело одделение ученици од седмо од охидското училиште „Христо Узунов“ оди во изолација, затоа што еден ученик е позитивен на ковид-19, објави „Охрид 1“.
Министерката за образование и наука Мила Царовска на почетокот од школската година потенцираше дека епидемиолошката служба на лице место ќе одлучува дали еден ученик, дали неколку ученици или целото одделение ќе оди во изолација доколку во одделението се појави случај на заболен од ковид-19.
Во случајот целото одделение од седмо оди во излолација.