ВМРО ДПМНЕ го “извиси” Демир Далип

ВМРО ДПМНЕ го “извиси” Демир Далип најекспонираниот Вмроец-египканец


ОТВОРЕНО ПИСМО ДО ВМРО ДПМНЕ- О.К. ОХРИД—И,ПОСЛЕ СЕ ШТО НАПРАВИВ ЗА ВМРО ДПМНЕ,ЗА УНИТАРНА МАКЕДОНИЈА, ДА НЕМА МЕСТО ЗА СОВЕТНИК ЗА ДЕМИР ДАЛИП Е НАВИСТИНА НЕКОРЕКНО, НЕПРАВЕДНО И НЕПРИНЦИПИЕЛНО, ВИ БЛАГОДАРАМ, НО КРАЈНО МЕ РАЗОЧАРАВТЕ, НЕ САМО МЕНЕ АМИ И ЕГИПКАНИТЕ, СЕПАК , НЕКА ВИ Е СО СРЕЌА….!!!
Почитувани,Пред малку, ја видов листата за Советници на ВМРО ДПМНЕ-Охрид, каде не прочитав моето име, или име на кандидат-Египканец кој , ако го побаравте ке ви го дадев.

Не ми е императив по секоја цена советничкото место, но навистина, кога ке се навратам наназад 10 години, на локално па и на државно ниво, ВМРО ДПМНЕ, немал полојален преставник на едно малцинство, како шт се ЕГИПКАНИТЕ, од Демир Далип.

Од кога ВМРО ДПМНЕ Е ОПОЗИЦИЈА, јас сум бил со вас, и во добро и во лошо, и за тоа сум ,,платил,, добра цена. И, немаше дами падне толку тешко, кога ке ги земам во предвид сите оние ,,ВМРОВЦИ ДО ГРОБ,, кои сега се на ,,другата страна,, кои добија убави фунции , кои ве оставија во цедило, ДА , тогаш кога ви беше најтешко, а претходно се збогатија на грбот на ВМРО ДПМНЕ.Кога, ке спомнеш на ЕГИПКАНЕЦ, Демир Далип, веднаш ги алудира на ВМРО ДПМНЕ, но……
Имам, уште многу да набројувам, но одличив да држам до принципи , бидејки ВМРО ДПМНЕ е поголемо и посвето од сите нас.Нека ви е со срека….


Со почит,Дипл.правник Демир Далип