СЕ УРЕДУВА КОРИТОТО НА РЕКА „СУШИЦА“

Градоначалникот Константин Георгиески денеска направи увид на градежните активности за изградба и уредување коритото на реката „Сушица“. Се работи за потегот од пресекот на улица „15-ти Корпус“ со улица „Српница“, во должина од околу 200 метри. Речното корито ќе биде бетонирано и ќе биде обложено со камен.

Вредноста на проектот е 4,2 милиони денари, а средствата се обезбедени од буџетот на Општина Охрид. Градежните активности ги изведува градежната фирма „Бокоп“. Претходно со средства на Општина Охрид беше извршено уредување на речното корито на реката „Грашница“од пресекот на булевар„ Туристичка“ до пресекот со улица „Железничка“.