Во периодот од понеделик (31 август) до следниот понеделник (7 септември) во Македонија продолжува трендот на надпросечно топло време со повисоки температури од повеќе годишниот просек и тоа за 3 до 6 степени, а мало освежување на времето ќе имаме во периодот од 3 до 5 септември, а повеќе освежувањето ќе го почувствуваме во ноќните и во утринските часови кога во повисоките населени и планински места температурите ќе се спуштат до околу, па и под 10 степени. Максималните температури остануваат доста високи во споменатиот период, со малку пониски дневни температури во периодот од 3 до 5 септември кога тие ќе се искаччуваат во интервалот од 25 до 33 степени, а во Скопје и околината тогаш максималната температура исто така ќе биде малку пониска и ќе се искачува до околу 33 степени.
Нов топлотен бран на повидок е од 6 септември кога температурите повторно значително ќе пораснат и тогаш тие би се искачувале во интервалот некаде помеѓу 30 и 35 степени, а во Скопската котлина, во Повардарието и во југоисточните предели од Македонија тие би надминале 35 степени.
Што се однесува пак до врнежите во споменатиот период, тие би биле релативно под просекот а тоа значи дека сушата во најголем дел од Македонија продолжува и понатаму. Сепак и покрај ова, во попладневните и во вечерните часови локално ќе се создаваат услови за развој на конвективни облачни грмотевични јадра од кои очекувам појава на пороен дожд, грмежи, засилен ветер и со услови за појава на краткотрајно невреме, проследено со силен ветер и со услови за појава на град, особено во среда и во четврток (2 и 3 септември).
Се на се, летото во Македонија со релативно надпросечно високи температури на воздухот и топло време продолжува и во првата седмица од месец септември, со како што кажав мало и краткотрајно освежување на времето во периодот од 3 до 5 септември, кое особено ќе го почувствуваме во ноќните и во утринските часови, со пониски температури на воздухот, стои во најновата анализа од метеопрогнозерот Славчо Попоски.
slavcometeo.mk





