На овие локални избори во Охрид за место во Советот се тркаат 11 листи од партии и независни кнадидатури, додека за Градоначалник имаме тројца кандидати. „Охрид Вест“ анализира кој на што може да се надева на овие избори. Анкети секој ден , одење врата на врата , маалски средби , митинзи …. Веќе сме сред кампања , Охрид Вест како и секогаш пишува анализа за изборите .
Поголемите партии нарачуваат и плакаат Анкети во кои на Анкетата победува тој што плака , така СДСМ објавува дека води наспроти ВМРО а ВМРО објавува спротивното дека води наспроти СДСМ.
Според нашите сознанија и нашите непартиски Анкети за Градоначалник во Охрид покажуваат дека : Борбата е неизвесна помеѓу актуелниот градоначалник Константин Георгиески и Кирил Пецаков , но доколку се земе во предвид и третиот кандидат Гоце Цветкоски кој е претставник на Движењето Бојкотирам а кандидиран од Партијата ТМРО и доколку се анализирет неговите ставови за промената на името и знамето на Македонија , не доведува до заклучок дека Гоце Цветковски или попознат како Гоце Вегетата , “зема” Вмровски гласови односно од т.н. Тврдокорни . Доколку се анализира оваа ситуација се доаѓа до заклучок дека сепак Георгиески има водство наспроти Пецаков.
11 Советнички листи – анализа за секоја листа
СДСМ – има советничка листа со најмногу коалиции и од оваа листа се очекува најмногу советнички места , во оваа листа Коалициони партнери се : ВМРО НАРОДНА, НСДП,ТДП-турската партија , Египќаните, Мрежа Шемо , партијата на пензионерите и др . Од оваа листа Сдсм и коалицијата очекуваат 12 советници а ние според нашите анализи очекуваме најмногу советници од сите 11 советнички листи да освои СДСМ и Коалицијата, доколку има поголема излезеност и 12 советници на СДСМ и КОАЛИЦИЈАТА.
Вмро Дпмне за разлика од Сдсм има само еден коалиционен партнер и многу внатре партиски проблеми. Коалициониот партнер – Социјалистичката партија , огранокот на оваа партија во Охрид има дадено предлог за советник кој централата во Скопје не го прифатил и поставил друг советник во Охрид без да биде информиран огранокот во Охрид . ( дали и колкава подршка ке добие вмро дпмне од коалицијата со социјалистичката партија , останува да видиме ) .
– Истот така еден поранешен функционер од Лескоец го напуштил Вмро Дпмне бидејки не бил на листа на добитна комбинација и истиот сега помага друга советничка листа . Исто така дознаваме дека поранешните раководства на Вмро Дпмне Охрид не му даваат подршка на оваа советничка листа и кандидатот за градоначалник.
- Вмро Дпмне и покрај тоа што е во опозиција и овој пат на изборите настапи со етнички чиста листа на која нема припадници на други заедници и листата на добитни места има само преставници на еден народ, на нивната листа на недобитно место е кандидирано само едно лице за декор лице од друга етничка припадност и затоа е за очекување припадниците на другите етнички заедници да гласаат за листи каде нивни преставници на добитни места.
- Доколку се земе и фактот дека на овие избори има дури 4 советнички листи кои влечат “Вмровски” гласој и тоа : ТМРО – Кој преставници се од движењето Бојкотирам , независната листа на Антонио Наумоски Тоци ( познат член на Вмро-Дпмне Охрид) и секретар на општа Болница Охрид, Единствена Македонија од Јанко Бачев исто така огранокот е формиран од поранешни членови од Вмро Дпмне и на листа на советници се наоѓаат дури 9 членови со членски книшки од ВМРО ДПМНЕ и Левица која најмногу зема подржувачи од Вмро Дпмне , на крај доаѓаме до заклучок дека Вмро Дпмне од сите овие 4 нови советнички листи кои пред 4 години ги немаше – можно е да загуби околу 3 илјади гласови и според нашите анализи Вмро Дпмне Охрид ке има 2 до 3 советници помалку од бројот на советници кој ке го освојт СДСМ .
ЛЕВИЦА – е партијата која носи најголемо изненадување последните изборни циклуси , ЛЕВИЦА е партија која секојдневно расте , но во Охрид уште на почетокот на кампањата се појавија информациите во врска со листите со повеќе брачни парови или ” Фамилијарни листи” , која покажува неорганизираност на Левица во Охрид , Иако сите кандидати за советници се анонимци сепак оваа партија во Охрид само ја ужива популарноста на нивниот претседател Апасиев ,според нашите анализи Левица ке добие еден советник доколку има мала излезеност.
Единствена Македонија – Носител на оваа листа е Владо Суклоски. Дознаваме од Партијата Демократи дека овој кандидат требало да биде нивни носител но последен ден се префрлил во друга партија , иначе Владо Суклоски пред 4 години не успеа да ги собере потребните 350 потписи за независна негова кандидатура . Единствена Македонија пред 1 година на парламентарните избори во Охрид освои 85 гласови .
Според нашите анализи оваа листа ке освои 1 % од гласовите.
ДУИ – оваа партија пред 4 години заедно со БЕСА , Алијанса , Алтернатива и членовите на поранешната РДК освои 2 советници . Денес ситуацијата е следна : БЕСА кој на последните избори освои над 600 гласа се кандидираја сами , Алијансата која на последните избори освоија 400 гласа даваат целосна подршка за Вмро Дпмне . ДУИ не може да смета на овие 1000 гласачи од БЕСА И АЛИЈАНСА. Според нашите анализи Дуи е на граница за едно советничко место, исто така дознаваме дека очекуваат подршка од голем број Македонци .
БЕСА – оваа движење од ден на ден расте , последните избори Џемал Мена освои над 600 гласа , но денес советничката листа од Беса брои 8 кандидати од Македонска националност . Според нашите анализи оваа листа ке освои 2 % од гласовите.
ТМРО – оваа советничка листа е нај непозната и единствената која во Охрид нема ни билборд ниту плаката , оваа советничка листа ја користи популарноста на Гоце – Вегетата кој исто така е кандидат за градоначалник од ТМРО и според наши анализи оваа советничка листа ке освои околу 1% од гласовите.
ОХРИД ПРЕД СЕ – оваа советничка листа е подржувана од луѓе кои СДСМ ги има створено и кои денес решиле да се спротистават на нивната матична партија за како што велат тие ” да го вратет достоинството на советот ” – оваа листа е предводена од син на поранешен пратеник на Сдсм кој пред неколку дена даде Шокантна изјава за медиумите која вели дека нивна цел е без нив да не може да се формира мнозинството во советот е јавно признавање на целта заради која е формирано Охрид пред се . За Градоначалник гласовите на симпатизерите на Охрид пред се – се поделени помеѓу Константин и Кирил .
Според наши анализи оваа листа ке освои 4 % од гласовите .
ПЛАН Б – оваа советничка листа е подржувана од луѓе кои не се задоволно од нивната партија ВМРО ДПМНЕ, исто така во оваа листа има кандидати за советници од сите националности , за оваа листа според нашите сознанија се потпишаја над 200 турци и околу 150 албанци , што е доволен показател дека ја ужива подршката од оваа група граѓани . Според наши анализи оваа листа ке освои 4 % од гласовите .За Градоначалник гласовите на симпатизерите на ПЛАН Б- се поделени помеѓу Константин , Кирил и Гоце .
Независната листа Стевче Стевоски – Носителот трет пат се кандидират во време од 4 години. Првиот пат освои 600 гласа ,вториот пат 1001 глас и трет пат е сега изборите што следат. Според наши анализи оваа листа ке освои 2 % од гласовите од кои 1 % во галичкиот дел бидејки сите 23ца кандидирани советници се од Елшани,Пештани и Рача.
ДВИЖЕЊЕ ОДЛУЧНО ЗА ПРОМЕНИ – се вика коалицијата помеѓу ДОМ и ЛИБЕРАЛНАТА ПАРТИЈА .
Партијата ДОМ во најдобрите времиња од овој огранок во Охрид – 2013 година ја имет гласано 350 подржувачи а Либералната партија нешто над 600 гласачи . Оваа коалиција може да се надева на еден советник доколку излезеноста е многу мала .
на 17ти Октомври 2021 нашите анкети пожуваат : Дека на гласање ке излезат нешто над 63 % од Граѓаните, неважечки ливчиња ке бидат над 4% ( дел од листите ке ги поништуваат ливчињата за градоначалник за да се пазарат на втор круг – колку тоа ке им успее останува да видиме .