Се интензивираат градежните активности за изградба на кружен тек на пресекот на улиците „Туристичка“ и „Бистрица“.
ЈП „Нискоградба“ работи на поставување на мрежа за одведување на атмосферската вода на кружниот тек. Се поставува систем од цевки , сливници и шахти кои атмосферската вода ќе ја собираат и одведуваат во мрежата за одведување на атмосферски води.
Проектот за реконструкција на крстосницата на улиците „Туристичка“ и „Бистрица“ започна пред неполни две недели и истиот се очекува да биде готов пред почетокот на летната туристичка сезона.
Вредноста на проектот е:5. 908. 441 денари.