Во општина Охрид, денес, официјално беше извршено примопредавањето на фукцијата градоначалник меѓу новоизбраниот градоначалник Кирил Пецаков и досегашниот Константин Георгиески.
Новоизбраниот градоначалник истакна дека ќе се воведе ново темпо на работа во општинската администрација и во јавните претпријатија.
– Од првиот ден ќе работиме посветено на решавање на сите проблеми и потребите на граѓаните. Приоритет ќе биде решавањето на сите горливи прашања за кои говоревме во кампањата и за сите потреби што ќе ги посочат граѓаните односно месните заедници, истакна Кирил Пецаков.
Досегашниот градоначалник му посака добро здравје, многу успех и работа во интерес на охриѓани.
– Разговаравме околку состојбата во Општината, за проектите што се дел отпочнати, дел што се на почеток на реализација, за раздолжувањето. Секогаш доколку има некаква потреба од информација за отпочнатите проекти ќе бидам тука, рече Константин Георгиески.
Од страна на Општинската изборна комисија на новоизбраниот градоначалник Кирил Пецаков му беше доделено уверението, како и на сите 23 новоизбрани советници во Советот на општина Охрид.