АЛЕКСАНДАР КИТЕСКИ Е НОВИОТ СЕКРЕТАР НА ОПШТИНА ОХРИД

Со одлука на градоначалникот Кирил Пецаков, за Секретар на Општина Охрид е назначен Александар Китески кој доаѓа на местото на Игор Бежоски кој досега ја извршуваше оваа функција.

Китески  доаѓа од редовите на вработените во општинската администрација и по професија е правник.  Во  Локалната самоуправа е вработен од 2013 година во Сектор за правни работи со положен правосуден испит. Во период од јули до ноември 2017 година работи како ВД директор на „Охридски комуналец“, а во период од 2014 до 2017 година бил овластено лице во Одделението за инспекциски надзор при општина Охрид. Претходно во период од 2009 до 2013 година работи во АД „ЕМО“- Охрид, а од 2008 до 2009 година во адвокатска канцеларија „Кичеец“.

Александар Китески е роден 29. 12. 1985 година во Охрид. Завршил средно економско училиште во родниот град, а  дипломирал на Правниот факултет „Јустинијан први“ во Скопје. Тој е среќно оженет и татко на две малолетни деца.