Р Е Ш Е Н И Е
ЗА СВИКУВАЊЕ НА ВТОРАТА СЕДНИЦА
НА СОВЕТОТ НА ОПШТИНА ОХРИД
ЈА СВИКУВАМ втората седница на Советот на општина Охрид на ден 19.11.2021 година (петок) со почеток во 11,00 часот.
Седницата ќе се одржи во зградата на општина Охрид.
За седницата го предлагам следниот:
Д Н Е В Е Н Р Е Д
Усвојување на Записникот од првата конститутивна седница
- Предлог Одлука за верификација на мандат на членови на Советот на општина Охрид.
- Предлог Решение за формирање Статутарно-правна Комисија.
- Предлог Решение за формирање Комисија за финансии и буџет.
- Предлог Решение за формирање Комисија за јавни и комунални дејности.
- Предлог Решение за формирање Комисија за урбанизам.
- Предлог Решение за формирање Комисија за општествени дејности.
- Предлог Решение за формирање Комисија за туризам и локален економски развој.
- Предлог Решение за формирање Комисија за заштита на животната средина.
- Предлог Решение за формирање Комисија за млади и спорт.
- Предлог Решение за формирање Комисија за месна самоуправа.
- Предлог Решение за формирање Комисија за одбележување празници и манифестации и доделување награди и признанија.
- Предлог Решение за формирање Комисија за еднакви можности меѓу мажите и жените.
СОВЕТ НА ОПШТИНА ОХРИД
Претседател
Сашо Донев