Во употреба се воведува европскиот број за итни повици Е-112. Во случај на нерсреќа, граѓаните ќе можат да се јават на овој број и да го пријават настанот. Преку координација од Центарот за управување со кризи (ЦУК) ќе се ангажираат сите единици, полицијата, итната медицинска помош и бригадата за противпожарна заштита. Остануваат во функција телефонските броеви 192, 193, 194.
Директорот на ЦУК Стојанче Ангелов на денешната прес-конференција нагласи дека новиот број 112 е потребно да го знае секој граѓанин. Ја истакна сериозноста на професионалните обврски кои ќе ги имаат примателите на повик, односно телефонски оператори, кои ќе се јават од Скопје, но и од останатите простории низ државата. Соопшти дека затоа предложиле до Владата, а потоа и добиле одобрение во Законот за управување со кризи да се направи измена и примателите на повици да имаат зголемена плата од 30, односно 35 проценти. Најави дека вработените во овој сектор 112 ќе имаат поголема плата за 35 проценти.
-Воспоставивме соработка со МО, каде што сите лица коишто ќе работат со Е-112 најпрво ќе мора да положат тестови за интелигенција, тестови за карактерни особини, тестови за познавање на англискиот јазик или евентуално познавање на друг јазик. Меѓу вработените ќе има и лица коишто го зборат албанскиот јазик, но и за нив е потребно да го зборуваат англискиот или друг светски јазик, рече Ангелов. Додаде дека ќе биде потребно и познавање на комјутерски вештини.
Европскиот број за итни повици беше воспоставен со измените на Законот за управување со кризи. Во законското образложение беше посочено дека воведувањето на бројот за итни случаи 112 и распределувањето на потребните финансиски средства бара измена на широка законска регулатива, која го опфаќа и Законот за електронски комуникации, каде што е веќе имплементиран бројот за итни случаи 112.
Во 2020 година, со доаѓањето на Стојанче Ангелов на функцијата дуректор на ЦУК, почнала адаптација и реконструкција на шест оперативни центри. Покрај овој оперативен центар во Скопје, како центри се Тетово, Битола, Штип, Охрид, Струмица и Велес и последниот осми регионален центар ќе биде во Куманово.
Врз основа на Законот за електронски комуникации, се образложи во законсите измени, е донесен Правилник за единствениот европски број за итни повици 112, каде што е предвидено функционирањето и спроведувањето на единствениот европски број за итни повици од сферата на електронските комуникации.Измената и дополнувањето на Законот за управување со кризи предвидува усогласување со реализацијата на Проектот и започнатата имплементација на европскиот број за итни повици во Република Северна Македонија, E-112.